Зајков: Ги увидовме грешките од мечот со Хрватска, ќе се обидеме да ги исправиме против Чешка

June 6, 2024 | Kristijan Trajchov | Македонија

Зајков: Ги увидовме грешките од мечот со Хрватска, ќе се обидеме да ги исправиме против Чешка

Фудбалската репрезентација вториот пријателски натпревар ќе го одигра против Чешка во Храдец Кралове на 10 јуни.

Во дуелот со Хрватска нашите фудбалери правеа многу грешки во играта, па претпреа пораз од 3-0.

Дефанзивецот Ѓоко Зајков вели дека ги увиделе грешките од дуелот со Хрватска.

„Го анализиравме натпреварот со Хрватска, ги воочивме грешките, имаме неколку дена за подготовка за мечот против Чешка и се надевам дека ќе влеземе со многу поголема самодоверба. Ни треба поголем фокус во одредени ситуации, да бидеме сто проценти сконцентрирани на тактиката којашто ќе ни ја даде селекторот и секој фудбалер да одработи максимално”, вели Ѓоко Зајков.

Тој додаде дека се свесни дека некои фудбалери имаат проблеми на клупско ниво и дека тоа се рефлектира и во репрезентацијата.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.