May 15, 2025 | | Македонија
Најтрофејниот клуб во земјата Вардар, ќе се соочи со поранешниот шампион Струга во финалето на Купот на Македонија, кое ќе се одигра на 21 мај (среда) на Националната арена „Тодор Проески“, со почеток од 19:00 часот. Вардар ќе брка нов пехар за својата витрина, додека амбициозната Струга сака да ја впише својата страница во златните книги на македонскиот фудбал. Финалето ветува жестока пресметка. Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) објави дека билетите за големото финале веќе се пуштени во продажба – електронски. Љубителите на фудбалот ќе можат да уживаат во спектаклот по симболични цени: Северна и јужна трибина: 100 денари Западна трибина: само 50 денари „Продажбата на билети започнува денеска и се одвива електронски преку платформата на ФФМ, eticket.ffm.mk“, соопшти ФФМ.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 16, 2024 |