Зајков поцрвене, Македонија во второто полувреме со играч помалку! (ВИДЕО)

September 10, 2024 | Kristijan Trajchov | Македонија

Зајков поцрвене, Македонија во второто полувреме со играч помалку! (ВИДЕО)

Македонија одигра солидно полувреме против Ерменија, но без голови. Лошата вест за нашата селекција е црвениот картон на Ѓоко Зајков кој најверојатно поради приговор доби втор жолт картон па мораше да го напушти теренот. Стартуваше Ќамили, а Зајков изгледа нешто му префрли на главниот судија кој многу не се мислеше и реши да му покаже втор жолт картон на Зајков. Македонија во првото полувреме имаше девет шутеви кон противничкиот гол, од кои два шута во рамките на голот. Најдобрата шанса дојде преку Елмас кој промаши ситуација еден на еден со голманот Чанчаревиќ кој засега има одличен натпревар. Овој натпревар е во рамките на второто коло од Лигата на нации каде ние се наоѓаме во групата 4 од Лигата Ц заедно со Фарски Острови, Ерменија и Летонија.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.