Закариќ се враќа – добри вести за Вардар пред дуелот со Лозана

July 28, 2025 | Kristijan Trajchov | Македонија

Закариќ се враќа – добри вести за Вардар пред дуелот со Лозана

Добри вести за Вардар пред заминувањето за Швајцарија – капитенот Горан Закариќ е подготвен за настап против Лозана во реваншот од второто квалификациско коло за Конференциската лига. Закариќ го повреди стапалото на гостувањето кај Ла Фиорита и поради тоа го пропушти првиот меч со Лозана, но физиотерапевтот Јован Димовски потврди дека проблемот е надминат. „Играчите се подготвени, Горан Закариќ се враќа во тимот и ќе отпатува со нас за Лозана. Неговото присуство ќе биде од големо значење за нашиот тим на ова гостување. Михаил Талески има проблем со коленото и нема да настапи,“ изјави Димовски. Натпреварот ќе се одигра во четврток со почеток од 20:15 часот.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.