Започна продажбата на билети за мечот Вардар – Црвена звезда: Веќе продадени 1.400 билети

April 5, 2025 | Kristijan Trajchov | Македонија

Започна продажбата на билети за мечот Вардар – Црвена звезда: Веќе продадени 1.400 билети

На „Градски“ стадион наскоро ќе се случи фудбалски спектакл со длабока хуманитарна порака. Вардар и Црвена звезда ќе се соочат во меч што оди далеку надвор од границите на спортот. Овој пријателски дуел, закажан за помалку од две недели, не е обичен фудбалски настан, туку симбол на солидарност, човечност и заедништво. Дуелите меѓу Вардар и Црвена звезда отсекогаш буделе емоции и полнеле трибини, уште од времињата кога Југословенската лига беше сцена на големи битки. Иако овојпат нема бодови на табелата, има нешто многу поважно каде целта да се помогне на жртвите од страшниот пожар што го погоди Кочани. Публиката и навивачите веќе масовно одговараат на повикот. Само во првите два часа од стартот на онлајн продажбата биле купени над 1.400 билети што е доказ дека македонскиот народ знае да застане рамо до рамо кога е најпотребно. Првиот човек на Вардар, Миленко Неделковски, лично потврди дека огромниот интерес предизвика и технички предизвици. Билетите доаѓаат со мало задоцнување на e-mail, но сигурно стигнуваат. Цените се симболични, 100 денари за исток и запад, и 200 денари за север и југ, но вредноста што ја носи секој билет е неизмерна. Секоја влезница претставува гест на хуманост, љубов и поддршка за Кочани и неговите луѓе. Продажбата е онлајн на овој ЛИНК.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.