November 14, 2024 | | Македонија
Денеска започна реконструкцијата на Спортската сала „25-ти Мај“. Ова е капитален проект на Министерството за спорт и денеска токму во Радовиш беше присутен министерот за спорт Борко Ристовски.
„Ми претставува огромна чест и задоволство да ја најавам првата посериозна капитална инвестиција која ќе се случува во делот на инфраструктурата. Не можеме да бараме добар спорт ако немаме добри услови за функционирање. Ова е една инвестиција од 20 милиони денари и ќе се врши комплетна санација на подот, трибините и соблекувалните. Очекуваме санацијата да биде завршена до крајот на годината или почетокот на наредната“, изјави министерот Ристовски.
Градоначалникот Ацо Ристов изрази благодарност за поддршката на Министерството за спорт за реконструкција на Спортската сала во Радовиш.
„Оваа спортска сала за Радовиш значи многу бидејќи овде се случуваат сите тренинзи и настани, и спортски и културни. Радовишани после 20 години ќе го вратат сјајот на салата. Ние како општина сами ќе направиме сопствени вложувања во инфраструктурата, во санирањето на влезовите и тоалетите за да може Радовиш да биде домаќин отсега натаму на настани, турнири, купови“, рече градоначалникот Ристов.
Спортската сала „25 Мај’ во Радовиш е со капацитатет од околу 2000 седишта, е отворена во 1985 година и ова е прва поголема реконструкција.
ФОТО: ТВ Кобра
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 16, 2024 |