Застана фудбалот во 59. минута во Кочани: Оддаден почит на жртвите (ВИДЕО)

March 29, 2025 | Kristijan Trajchov | Македонија

Застана фудбалот во 59. минута во Кочани: Оддаден почит на жртвите (ВИДЕО)

Фудбалот се врати во Кочани, но болката останува. За првпат по страшната трагедија што го потресе градот, Осогово денеска одигра натпревар на својот „Никола Мантов“, каде во рамките на Втората македонска лига го пречека лидерот Македонија Ѓорче Петров. Мечот имаше посебно значење, не само во спортски контекст, туку и како чин на сеќавање. Во 59. минута, трибините одекнаа во громогласен аплауз – симболична почит за 59-те животи што трагично згаснаа во пожарот во дискотеката „Пулс“. Цела Македонија стои во солидарност со Кочани, а фудбалските терени низ земјата деновиве беа сцена на моменти на тишина и почит. Но, кога оваа почест се оддава во срцето на трагедијата, тежината на емоциите е неизмерно поголема.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.