September 4, 2024 | | Македонија
Детонит Плачковица реши во своите редови да го врати Горан Здравков откако клубот спогодбено се раздели со Иван Варадиновски. Тој во 2022 година го водеше клубот од Радовиш и беше човекот кој ги удри темелите на новиот модерен Детонит Плачковица. Здравков претходно беше тренер на Брегалница и Саса, а неговата цел ќе биде Детонит да го врати на победничките патеки. Минатата сезона Детонит го освои третото место каде играше и бараж со Вардар за Прва лига. Во истата сезона поставија и рекорд каде цела сезона примија само еден гол на домашен терен.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 16, 2024 |