Жална вест: Почина спортскиот новинар Драган Видиниќ

April 7, 2025 | Kristijan Trajchov | Македонија

Жална вест: Почина спортскиот новинар Драган Видиниќ

По кратко и тешко боледување, спортскиот новинар Драган Видиниќ вчера во Скопје почина на 71-годишна возраст, оставајќи зад себе богата новинарска кариера исполнета со посветеност и страст. Во текот на својата професионална патека, Видиниќ беше дел и од редакцијата на спортскиот магазин „Топ Спорт“, како и на дневниот весник „Спорт прес“. Најголем белег сепак остави во спортскиот весник „Македонски спорт“, каде што работеше од неговото основање во 1999 година па сè до 2008 година, и каде стана препознатливо име во спортските кругови. Особено се истакнуваше во следењето на македонскиот фудбал, за кој важеше за вистински промотор, а едно време беше и дел од стручните комисии при Фудбалската федерација на Македонија.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.