June 6, 2025 | | Македонија
Македонската фудбалска репрезентација уште еднаш покажа карактер и квалитет против силен противник, одигрувајќи 1-1 против Белгија на Националната арена „Тодор Проески“ во третото коло од квалификациите. Белгијците очекувано ја презедоа иницијативата на стартот, но првите дваесетина минути минаа без поголеми шанси. Првата вистинска закана дојде од Салемакерс, чииот удар од далечина одлично го одбрани Столе Димитриевски. Само неколку минути подоцна, Енис Барди украде топка и се обиде со прецизен удар, но голманот Селс го прочита неговиот обид. Македонија ја имаше најголемата шанса во 26. минута – Елмас ја погоди стативата, а Алиоски не успеа да реализира во празна мрежа. Казната стигна веднаш – Белгија од следниот напад го постигна водечкиот гол. Вториот дел започна со експлозија на трибините – Елмас ја затресе мрежата на Селс, но голот беше поништен поради офсајд на Бојан Илиевски кој ја допре топката. И покрај тоа, Македонија изгледаше поорганизирано и поофанзивно во продолжението. Наградата дојде во 87. минута – Езгјан Алиоски со вистински евро-гол ја израдува македонската публика и донесе заслужен бод. Со ова реми, Македонија сега има 5 бодови по три кола и останува во трката за пласман. Но можеби уште поважно, тимот повторно потврди дека може рамноправно да се носи со европски гиганти.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 16, 2024 |