Фердинанд: Само три држави можат да го освојат Европското

June 7, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Фердинанд: Само три држави можат да го освојат Европското

Фердинанд даде мислење во однос на тоа кои држави имаат најголеми шанси да го освојат Европското првенство.

„Англија, Португалија или Франција, некоја од тие три репрезентации ќе го освои Европското првенство. Само тие три тима можат да ја освојат титулата, не можам да видам ниту еден друг тим како го подигнува трофејот“, рече тој.

Рио Фердинанд го интервјуираше селекторот на Португалија, Роберто Мартинез и вели дека тие имаат многу моќен тим и дека можат да одат до самиот крај, иако поради неговата Англија, им посака да завршат како второпласирани.

Инаку, јавноста во Англија сеуште зборува за одлуката на Саутгејт да ги тргне Грилиш, Мегваер и Медисон од листата на играчи кои ќе играат на Европското првенство во Германија. Покрај нив, изоставени се и Куртис Џонс, Џејмс Трафорд, Џаред Брентвајт и Џарел Кванса.

Грилиш поради повреди не можеше да фати ритам сезонава каде во цела сезона играше само во 36 наврати во сите натпреварувања каде успеа да постигне само 3 гола.

Во однос на Мегваер, во сите големи турнири на Англија откако Саутгејт е селектор, тој беше клучен и незаменлив во одбраната.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.