Челси нуди два играчи за да го ангажира Санчо!

August 26, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Челси нуди два играчи за да го ангажира Санчо!

Новинарот Џанлука ди Марцио тврди дека Челси и Јувентус во моментов се тимови кои се најмногу заинтересирани за Џејдон Санчо. Наводно, Челси бил спремен да ги понуди Стерлинг и Бен Чилвел за да го ангажира Санчо. Од друга страна пак, планот на Јувентус е да го ангажира Санчо на позајмица каде се обидуваат да најдат решение со Јунајтед за високата плата на Англичанецот. Санчо беше изоставен од последните два натпревари на „црвените ѓаволи“ каде клубот се обидува да се ослободи од него.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.