Реал постигна договор со Дејвис, проблем е неговиот менаџер

November 29, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Реал постигна договор со Дејвис, проблем е неговиот менаџер

Реал Мадрид наводно ги договорил личните услови со Алфонсо Дејвис во март дека Канаѓанецот ќе пристигне следното лето како  слободен играч од Баерн Минхен. Но, според новинарот Кристијан Фалк Баерн почнал да бара потенцијални замени, иако Дејвис има понуда од нив на маса. Германскиот новинар, Кристијан Фалк, тврди дека на Дејвис му е понудено продолжување на соработката, но и дека Баварците бараат замена за да ја покријат неговата позиција доколку 24-годишниот фудбалер реши да го напушти клубот. Тој исто така додава дека менаџерот на Дејвис, Недал Хаус, му ја отежнува работата на Реал. Според Фалк, менаџерот преговара и со други клубови кои биле заинтересирани за Дејвис, а најмногу се споменува Манчестер Јунајтед. Реал Мадрид во последниве години е на став дека не преговара за повисоки плати надвор од договорот што тие се подготвени да го понудат, и ќе избегнуваат да влегуваат во аукции со други клубови. Тоа беше најочигледно со Лени Јоро минатото лето, но без успех, но таквата тактика на пример успеа за играчи како Џуд Белингем и Килијан Мбапе и покрај конкуренцијата.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.