Мусиала ќе ја добие најголемата плата во историјата на Баерн

December 4, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Мусиала ќе ја добие најголемата плата во историјата на Баерн

Џамал Мусиала е на пат да го потпише најбогатиот договор во историјата на Баерн Минхен. Овој нов договор, кој се очекува да биде вреден помеѓу 100 и 125 милиони евра, вклучува значителна зголемена плата за офанзивниот фудбалер. „Баварците“ активно работат на продолжување на договорите на неколку свои играчи. Наводно, неговата плата ќе биде повеќе од 20 милиони евра по сезона, слично на онаа на Хари Кејн и Роберт Левандовски, а некои информации наведуваат дека оваа сума може да достигне и до 25 милиони евра годишно.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.