Абердин ќе заработи богатство од трансферот на Миовски!

August 12, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Абердин ќе заработи богатство од трансферот на Миовски!

Бојан Миовски се збогуваше со навивачите на Абердин каде го очекува трансфер на кариерата и тоа во Жирона која минатата сезона успеа да обезбеди учество во Лигата на шампионите. Како што пренесува шкотскиот новинар Бери Андерсон, Жирона за Миовски ќе плати вкупно седум милиони фунти каде четири ќе бидат фиксни, а преостанатите три ќе дојдат подоцна во вид на бонуси. Пред само две години Миовски беше купен за 575.000 фунти од редовите на МТК Будимпешта. За Абердин одигра 97 меча и постигна 44 голови во сите натпреварувања, а сега ќе има шанса да заигра во Ла Лига како и во Лигата на шампионите.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.