Адеми по тешкиот пораз на Динамо: Мора да ги покриеме ушите и да продолжиме!

February 23, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Адеми по тешкиот пораз на Динамо: Мора да ги покриеме ушите и да продолжиме!

Динамо Загреб доживеа тежок удар на гостувањето кај Ријека, каде загуби со убедливи 4-0, а по натпреварот капитенот Аријан Адеми даде свој коментар. Адеми започна како стартер и остана на теренот до 73. минута, додека неговиот соиграч Ристовски целосно го преседе натпреварот на клупата за резерви. По завршувањето на мечот, играчите на Динамо Загреб се сретнаа со своите навивачи, но Адеми не сакаше да открие што било кажано во тој разговор. Свесен за критиките кои следат, капитенот на Динамо смета дека тимот мора да остане фокусиран и да не дозволи да биде демотивиран. „Мора да ги затвориме ушите и да продолжиме напред. Потребна е уште поголема работа, нема простор за предавање. Нашата цел секоја година е титулата, така е и сега. Можеби сме во нокдаун, но мора да се кренеме“, изјави Адеми. Тој истакна дека тимот мора да покаже поголема енергичност на секој натпревар, бидејќи тоа е клучот за успех. „Сите знаеме да играме фудбал, но енергијата е таа што носи титули“, порача капитенот на Динамо.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.