January 30, 2025 | | Свет
Капитенот на Динамо Загреб и поранешниот македонски репрезентативец, Аријан Адеми, зборуваше за хрватските медиуми по триумфот над Милан (2-1) во Лигата на шампионите. Иако задоволен од перфектната игра на својот тим, не можеше да ја скрие горчината од елиминацијата.
„Штета што оваа партија не беше наградена како што требаше. Многу ми е жал. Цела седмица имав добро чувство, дека ќе победиме и ќе одиме понатаму, ама така Бог сакаше да биде… Одигравме неверојатен натпревар, ги притиснавме и бевме на врвно ниво, како најдобрите екипи во Европа. Честитки до соиграчите, навистина сум горд. Ова мора да биде мотивација за понатаму. Видовме на кое ниво сме, а под ова не смееме да се враќаме“, изјави Адеми.Динамо Загреб заврши со 11 освоени бода во групната фаза од Лигата на шампионите, но поради гол-разликата остана зад Клуб Бриж, Спортинг и Манчестер Сити, што беше клучно за нивната елиминација од натпреварувањето.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |