January 20, 2025 | | Свет
Покрај Маркус Рашфорд, и Алехандро Гарначо е на излезна врата од Манчестер Јунајтед. Иако уште од самото доаѓање на Рубен Аморим Рашфорд беше отпишан, одлуката за можна продажба на Аргентинецот беше донесена нешто подоцна откако Португалецот видел нешто што не му се допаѓа. Во трка за потписот на Гарначо се два тима: Наполи и Челси. Наполи веќе испрати понуда до Јунајтед од околу 45-50 милиони евра, но англискиот гигант сметаше дека понудата е премала. Наполи, кој остана без Квича Кварацхелија, го гледа Гарначо како идеална замена за Грузиецот. Тренерот Антонио Конте дури имал директен контакт со играчот, настојувајќи да го убеди да ја избере Италија како следна дестинација во својата кариера. Од друга страна, Челси, исто така, е силно заинтересиран. Лондонскиот клуб веќе го контактирал Манчестер Јунајтед за да се информира за условите за евентуален трансфер. Се очекува во наредните денови преговорите меѓу двата клуба да станат поинтензивни. Она што вечерва новинарот Фабрицио Романо го пренесе е дека агентот на Гарначо е присутен на „Стемфорд Бриџ“ и го гледа натпреварот помеѓу Челси и Вулверхемптон. Скоро па сигурно тој ќе седне да преговара со Челси за трансфер на неговиот клиент. За Манчестер Јунајтед, најповолен излез од оваа ситуација би бил трансферот на Гарначо во странство, наместо да остане во Премиер лигата, каде би можел да заигра за ривалски тим.
🚨🏟️ Alejandro Garnacho’s agent, in attendance at Stamford Bridge tonight. pic.twitter.com/pV34dtZ4po
— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) January 20, 2025
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |