January 3, 2025 | | Свет
Агентот на Дани Олмо, Енди Бара, е оптимист дека Барселона ќе пронајде начин да го регистрира неговиот клиент за остатокот од сезоната. Според него, моментално нема размислување за заминување од клубот. „Ситуацијата е напорна, но Дани е силна личност и се труди да остане смирен. Тој е роден победник и сака да игра, а не само да посматра натпревари“, изјави Бара. Проблемот со регистрацијата на Дани Олмо произлезе откако Барселона не успеа да презентира доволно докази за дополнителни приходи, што остави неизвесност околу иднината на шпанскиот играч. Во договорот на Олмо постои клаузула која му овозможува да стане слободен играч доколку не биде регистриран. Сепак, засега тој не размислува да ја активира оваа опција. „Не сме во преговори со ниту еден друг клуб. Барселона е единствениот избор за нас! И Дани, и неговото семејство, и јас веруваме во овој проект. Да, можеби има голема финансиска добивка кога играчот е слободен, но за нас секогаш емоциите и страста кон фудбалот се на прво место“, рече агентот. Бара нагласи дека Олмо вложил многу напор за да стане дел од Барселона и дека сите се среќни со неговиот трансфер. Тој го истакна и ангажманот на претседателот Лапорта и спортскиот директор Деко. „Тие вложија голем труд за да го донесат Дани минатото лето. Нивниот проект ветува многу, и веруваме дека Барселона повторно ќе доминира, како во времето на Меси. Искрено, сум спокоен и уверен дека Лапорта и Деко ќе најдат начин да ја решат оваа ситуација“, заврши Бара.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |