Агонијата продолжува: Сити ремизираше против Евертон! (ВИДЕО)

December 26, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Агонијата продолжува: Сити ремизираше против Евертон! (ВИДЕО)

Ужасната серија на Манчестер Сити продолжува. Тимот на Пеп Гвардиола оствари само една победа на последните 13 натпревари. По првите 18 натпревари, шампионот на Англија има само 28 бода. Конечниот резултат беше 1-1. Бернардо Силва стрелаше во 14. минута на асистенција на Доку. Во 36. минута Ндиај го смрзна „Етихад“, гол кој го постави конечниот резултат. На самиот старт на вториот дел Ерлинг Халанд промаши пенал. По нереализираниот удар од белата точка, Сити не направи конкретни шанси и тимот изгледаше очајно. Сити сега се наоѓа на 6. место, а Евертон на 15. позиција. Наредното коло Сити ќе гостува кај Лестер.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.