Ајакс прими гол во 99. минута и најверојатно остана без титулата (ВИДЕО)

May 14, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Ајакс прими гол во 99. минута и најверојатно остана без титулата (ВИДЕО)

Шок и неверување во редовите на Ајакс. Амстердамскиот гигант доживеа вистинска драма на гостувањето кај Гронинген, каде што испушти клучна победа во последните моменти од натпреварот и ремизираше 2-2. Со три бода на овој меч, Ајакс ќе влезеше како лидер во последното коло од Ередивизие, но сега, по овој горчлив кикс, сè е во рацете на ПСВ Ајндховен. Големата болка дојде во 99. минута, кога Тилмен Блокзијл, и покрај тоа што неговиот тим играше со играч помалку, успеа да ја затресе мрежата и да ја запечати судбината на Ајакс барем привремено. ПСВ славеше убедливо со 4-1, и сега има бод повеќе во пресрет на последното коло. Со победа против Спарта Ротердам, титулата ќе се сели во Ајндховен. Ајакс во своите редови имаше водство од 1-2 и сè изгледаше под контрола, но една искра на невнимание ги чинеше скапо, можеби и целата сезона. Холандското првенство добива драматична завршница, а Ајакс ќе мора да се надева на чудо.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.