„Ако Ферги беше тренер, Рашфорд ќе леташе на клоци“!

January 28, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

„Ако Ферги беше тренер, Рашфорд ќе леташе на клоци“!

Маркус Рашфорд, некогашното дете на школата на Манчестер Јунајтед, е под силен удар од англиската јавност, особено од поранешните играчи на клубот. Последен кој го изрази своето незадоволство е Теди Шерингем, легенда на „ѓаволите“.

„Навистина не знам и не ме интересира каде ќе ја продолжи својата кариера, но начинот на кој кажа дека е 'подготвен за нов предизвик' ме разочара“, изјави Шерингем.
Тој нагласи дека ваквите зборови би можеле да се очекуваат од странци кои доаѓаат во Англија, но не и од фудбалер кој потекнува од Манчестер и кој добро знае каква привилегија е да се носи дресот на Јунајтед.
„Секој фудбалер ширум светот би сакал да игра во Манчестер Јунајтед, а еве, момче од Манчестер вели дека е подготвено за нов предизвик. Тоа воопшто не е добро. Ако ова го кажеше за време на ерата на Ферги, ќе гледавме сосема поинаков филм. Рашфорд ќе леташе на клоци“, додаде Шерингем.
Разочарувањето на Шерингем е дополнително зајакнато од фактот што Рашфорд, како играч кој ги поминал младинските категории на клубот, треба да биде пример за оданост и приврзаност кон Јунајтед.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.