Ако Јунајтед денеска не победи, Аморим најверојатно заминува!

October 4, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Ако Јунајтед денеска не победи, Аморим најверојатно заминува!

Токму кога се чинеше дека триумфот против Челси пред три недели ќе му донесе мир и стабилност на Рубен Аморим, дојде неочекуваниот пораз од Брентфорд кој повторно ја разниша неговата позиција на клупата на Манчестер Јунајтед. Англиските медиуми утрово објавија дека денешниот дуел со Сандерленд ќе биде одлучувачки – во случај на нов неуспех, Аморим би можел да биде отпуштен по брза постапка. „Лошата игра и поразот од Брентфорд ја зголемија загриженоста кај раководството, а недовербата во Аморим станува се поизразена. Уште еден негативен резултат сериозно ќе го истроши трпението кај сопствениците. Отпуштањето ќе чини 12 милиони фунти, но тоа нема да биде пречка доколку се донесе одлука“, пишува „Телеграф“. Манчестер Јунајтед вечерва ќе има тежок испит – Сандерленд е едно од најпријатните изненадувања во новата сезона од Премиер лигата. Тимот е шестопласиран со 11 бода, четири повеќе од Јунајтед, и е во серија од четири натпревари без пораз. Иако не е многу ефикасен со само седум постигнати гола, Сандерленд има една од најцврстите одбрани со само три примени погодока. За Аморим, натпреварот со Сандерленд може да биде пресвртница – победа за враќање на довербата или пораз кој би значел крај на неговата кратка ера на „Олд Трафорд“.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.