November 25, 2024 | | Свет
Манчестер Сити во моментов го тресе голема резултатска криза, досега невидена откако Гвардиола дојде во Англија. Освен лошата форма на шампионот, проблем би можел да настане и со заминувањето на ѕвездата на тимот, Кевин Де Брујне. Договорот на Белгиецот истекува во јуни 2025 година, а според неговите зборови, засега воопшто не се започнати преговори. „Не знам дали ќе останам во клубот. На почетокот на сезоната знаев дека требаше да почнеме преговори, но потоа се повредив и сè остана во втор план. Не сум премногу загрижен, но ќе видиме што ќе се случи. Ако наскоро не почнат преговорите, ова ќе биде моја последна сезона во клубот“, изјави Де Брујне.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |