Ако Пикси биде отпуштен, Србија треба дебело да му плати

June 26, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Ако Пикси биде отпуштен, Србија треба дебело да му плати

Србија е елиминирана од Европското првенство и не успеа да ја оствари својата цел, поминување на групите. После неуспехот на турнирот, веднаш се отвори темата за иднината на селекторот Драган Стојковиќ - Пикси. Пред самиот почеток на Европското првенство, тој потпиша договор до 2026 година, а во него има клаузула дека ако добие отказ, Фудбалскиот сојуз на Србија (ФСС) ќе му исплати еден милион евра, пишува „Sportklub“. Било побарано од Пикси во неговиот договор да постои клаузула каде би бил автоматски отпуштен ако не ја поминат групната фаза на Европското првенство, но тој тоа го одбил. Пикси успеал да се избори за себе и сега дебело ќе му наплати на Фудбалскиот сојуз на Србија ако решат да го отпшутат.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.