May 16, 2025 | | Свет
Реал Мадрид е решен да влезе во жестоката трка за потписот на германската ѕвезда Флоријан Вирц, и покрај тоа што се смета за аутсајдер во споредба со Баерн Минхен, Манчестер Сити и Ливерпул. Според информациите од германските медиуми, „кралевите“ се подготвени да го продадат Родриго и со средствата од трансферот да тргнат по еден од најбараните играчи во Европа. Флоријан Вирц е на радарот на најголемите европски клубови по фантастичната сезона со Баер Леверкузен. Баерн Минхен веќе покажа конкретен интерес, додека и Ливерпул и Манчестер Сити подготвуваат понуди. Сепак, како што пренесува новинарот Флоријан Плетенберг, Леверкузен нема намера да го пушти Вирц за сума под 150 милиони евра. Почетните проценки од клубовите, вклучително и евентуална понуда од 100 милиони евра, нема да бидат прифатени. Во овој момент, нема формални понуди на маса, но интересот е интензивен. Реал Мадрид, иако во сенка, би можел да направи изненадување, особено ако се реализира продажбата на Родриго, кој има солидна пазарна вредност и може да донесе сериозен капитал во касата на клубот.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |