Ако Реал загуби, Анчелоти може да добие отказ уште денес

April 20, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Ако Реал загуби, Анчелоти може да добие отказ уште денес

Карло Анчелоти би можел да биде отпуштен од Реал Мадрид уште денес, јавуваат повеќе шпански медиуми. И покрај тоа што има договор со „кралскиот клуб“ до 2026 година, иднината на италијанскиот тренер виси во воздух, особено по катастрофалната елиминација од Арсенал во Лигата на шампионите со вкупен резултат 1-5. Раководството на клубот е сериозно разочарано, а извори блиски до тимот велат дека причините не се само резултатите. Според шпекулации, Анчелоти ја изгубил контролата и авторитетот во соблекувалната, што дополнително ја влошува ситуацијата. Вечерва Реал го пречекува Атлетик Билбао во меч кој може да биде клучен не само за сезоната, туку и за судбината на стратегот. Победата е императив ако „кралевите“ сакаат да останат во битката за титулата во Ла Лига. Иако Анчелоти вчера изјави дека за својата иднина ќе разговара со челниците на клубот по крајот на сезоната, сè погласни се најавите дека тој разговор можеби ќе се случи многу порано, дури и веднаш по мечот со Билбао. Реал и понатаму е во трка за Ла Лига како и Купот на кралот, но раководството не е импресионирано. Доколку тимот не успее да реагира веднаш, Анчелоти би можел да ја плати цената за разнишаната атмосфера и неубедливата игра.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.