Ако се докаже дека се виновни, Сити ќе биде исфрлен од секаде!

September 19, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Ако се докаже дека се виновни, Сити ќе биде исфрлен од секаде!

Манчестер Сити ќе биде исфрлен од Премиер лигата, од англиските купови, од Лигата на шампионите и од Светското клупско првенство ако се докаже дека се виновни во „судењето на векот“ кое започна во понеделникот каде против Сити има 115 обвиненија поврзани со кршење на финансиските правила. Пред неколку дена излегоа информации дека клубовите во Англија сметаат дека еднократно одземање бодови не би било доволна казна доколку Сити биде прогласен за виновен. Ако еден клуб е исфрлен од првенството, ФА на Англија може да донесе одлука да го исклучи од ФА купот. Правилата за Лига купот налагаат дека клубот треба да биде дел од една од четирите професионални лиги. Во однос на Лигата на шампионите, УЕФА издава посебни лиценци на сите учесници пред крајот на сезоната, па ако Сити евентуално биде казнет, евентуалното неучество би важело од наредната сезона. Во првата половина на 2025 година се очекува одлука која нема да биде конечна бидејќи каква и да е одлуката, Сити ќе има право да се жали.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.