Ако Тен Хаг не исполни еден услов, ќе биде отпуштен!

September 5, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Ако Тен Хаг не исполни еден услов, ќе биде отпуштен!

Манчестер Јунајтед ужасно ја почна сезоната каде веќе има два порази во Премиер лигата. Иако Тен Хаг тврди дека не е до него, очигледно не е така, па некои работи наскоро ќе мораат да се менуваат. Тој упорно тврди дека е вистинскиот човек за оваа позиција. „Јас сум вистинскиот човек за Манчестер јунајтед. Челниците мене ме одбраа за овој проект“, рече Холанѓанецот. Од таборот на Јунајтед трпението полека го губат, па на Тен Хаг му бил даден услов за да остане. „На Тен Хаг му е соопштено дека ќе мора екипата на терен да демонстрира доминантност во однос на противниците. Ако тоа не се случи, ќе добие отказ“, пишува „The Guardian“.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.