Ако во Германија се почитува законот, Јамал не смее да игра после 23 часот!

June 21, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Ако во Германија се почитува законот, Јамал не смее да игра после 23 часот!

Германскиот закон вели дека лица помлади од 18 години не смеат да работат по 20 часот, а постои и исклучок за спортисти кој важи само до 23 часот. Тука најмногу станува збор за Ламин Јамал, 16-годишниот фудбалер кој настапува на ова Европско првенство. И работењето до 23 часот би можело да биде премалку бидејќи процесот вклучува играње фудбал, туширање, давање интервјуа, па така шпанскиот селектор би морал да ги извади Јамал од игра пред 23 часот доколку неговата селекција игра продолженија. Доколку Шпанија игра продолженија или шутираат пенали во нокаут фазата, тој ќе мора да излезе од игра. Правниот експерт Штефан Граф вели дека кршењето на законот нема да има спортски последици, односно доколку Јамал игра после 23 часот нема да биде суспендиран, но Федерацијата ќе мора да плати износ од 30.000 евра. Сепак, Граф додава дека Германија веројатно ќе го прости тој „престап“.  

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.