July 1, 2025 | | Свет
Во спектакуларен меч кој траеше 120 минути, Ал Хилал направи вистинска сензација – со 4-3 го елиминираше Манчестер Сити, еден од најголемите фаворити за освојување на Светското клупско првенство! Иако Сити поведе рано со голот на Бернардо Силва и делуваше дека ќе оди лесно до победа, тимот на Симоне Инзаги приреди неверојатен пресврт. Маркос Леонардо и Малком ја раздрмаа одбраната на Англичаните во вториот дел и донесоа 2-1 за Ал Хилал. Сити возврати со голот на Халанд, а драмата продолжи и во продолженијата каде стрелаа Кулибали со глава и Фоден кој повторно го израмни резултатот. Но, последниот збор го имаше Леонардо – со втор гол во 112. минута го Сити дома и ги шокираше љубителите на фудбалот. Наместо долгоочекуваното четвртфинале Интер – Манчестер Сити, сега ќе гледаме нова неочекувана пресметка: Флуминенсе против Ал Хилал – двобој за кој никој не помислуваше, но фудбалот уште еднаш покажа дека никогаш не смее да се предвидува.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |