October 12, 2024 | | Свет
Во следните неколку недели се очекува Нејмар конечно да се врати на теренот каде конечно ќе заврши неговата едногодишна пауза поради повреда на лигаментите на коленото. Воедно, „Marca“ тври дека клубот од Саудиска Арабија бара начини како да се ослободи од Нејмар за да може да го донесе Винисиус Жуниор од Реал Мадрид. Во текот на летото излезе информација дека Винисиус не дал дефинитивно „не“ на Ал-Хилал каде наводно било договорено по завршувањето на сезоната, претставниците на играчот и клубот повторно да седнат на маса за евентуални преговори. Деталите беа дека тој ќе заработува плата како Кристијано Роналдо, но и дека ќе има клаузула со која после неколку сезони тој ќе може да се врати во Европа. Целта на Ал-Хилал е Бразилецот да биде на еден начин амбасадор и промотер за Светското првенство кое ќе се одржи во 2034 година во Саудиска Арабија. Договорот на Винисиус со Реал е до 2027 година.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |