July 6, 2025 | | Свет
Претседателот на европскиот првак Пари Сен Жермен, Насер Ал-Келаифи, отворено застана зад кандидатурата на Осман Дембеле за Златната топка, велејќи дека нема дилема кој ја заслужува престижната индивидуална награда оваа година. „Ако Дембеле не ја освои Златната топка, тогаш мислам дека имаме проблем. Со оглед на сезоната што ја одигра и со оглед на сѐ што стори за својот тим, мислам дека победникот е повеќе од јасен“, изјави Ал-Келаифи. Францускиот крилен напаѓач одигра неверојатна сезона во дресот на ПСЖ – постигна 32 голови и запиша 15 асистенции пред да замине на Светското клупско првенство. Тој беше клучна фигура во историската „триплета“ на парижаните – титула во Лига 1, Куп на Франција и триумф во Лигата на шампионите, каде во финалето го срушија Интер.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |