Ал Наср го зафркна Бонифејс, ќе го купат Дуран!

January 30, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Ал Наср го зафркна Бонифејс, ќе го купат Дуран!

Виктор Бонифејс остана без трансфер во Саудиска Арабија, поточно во Ал Наср, тимот на Кристијано Роналдо бидејќи саудискиот клуб реши да го потпише Џон Дуран од Астон Вила. Трансферот на Дуран ќе чини над 77 милиони евра. Се планира тој утре да ги помине медицинските прегледи, а потоа да замине во Саудиска Арабија. Уште од претходно беше познато дека Ал Наср ќе потпише само еден од двајцата, па така се одлучија за Дуран. Иако тие прво се договорија со Бонифејс и медицинските прегледи беа поминати и личните услови беа договорени, сепак трансферот до крај не беше реализиран. Во меѓувреме Ал Наср тргна по Џон Дуран, па се доведе во ситуација да мора да одбере само еден од нив двајцата, па така се одлучија за Колумбиецот. Ова најверојатно значи дека Оли Воткинс ќе остане во Астон Вила и покрај понудата испратена од Арсенал, бидејќи Унаи Емери ќе остане без квалитетна опција во нападот.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.