Ал-Наср со нова офанзива – сакаат да го донесат Бруно Фернандеш

August 2, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Ал-Наср со нова офанзива – сакаат да го донесат Бруно Фернандеш

Капитенот на Манчестер Јунајтед, Бруно Фернандеш, повторно е во радарот на клуб од саудиската Про лига – Ал-Наср, кој испратил официјална понуда за неговиот потпис, објави португалскиот весник „А Бола“. Клубот, кој сега го предводи Жорге Жезус, има намера да изгради силно португалско јадро со Фернандеш, Кристијано Роналдо и најновото засилување – Жоао Феликс. Жезус, кој добро го познава Фернандеш од времето во Спортинг Лисабон, лично учествува во преговорите со цел да го убеди да му се приклучи на тимот. Раководството на Ал-Наср се надева дека и Роналдо ќе помогне во целата ситуација бидејќи тие двајца имаат блиска врска од репрезентацијата на Португалија, што може да биде клучно за евентуалниот трансфер. Претходно ова лето, Фернандеш одби понуда од Ал-Хилал вредна 200 милиони фунти за тригодишен договор. Сепак, иднината на „Олд Трафорд“ останува неизвесна, особено по неговата неодамнешна изјава. „Ќе бидам тука сè додека клубот не ми каже дека е време да си заминам. Ако раководството смета дека е време финансиски да се искористи мојата вредност – тоа е фудбалот, понекогаш така се случува.“ Во меѓувреме, Ал-Наср веќе го засили тимот со Жоао Феликс од Челси за 43,7 милиони фунти (50 милиони евра) и сериозно гради ѕвезден состав за домашната и меѓународната сцена.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.