Ал-Наср тргнува по Ван Дајк, го прави најплатен дефанзивец во светот

June 15, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Ал-Наср тргнува по Ван Дајк, го прави најплатен дефанзивец во светот

На Ал-Наср му е потребен квалитет стопер кој ќе го направи тимот поконкурентен во борбата за сите титула, па така изборот паднал на Ван Дајк, стоперот на Ливерпул. Како што пренесува „Marca“, раководството на клубот веќе одржало состанок со агентите на холандскиот интернационалец. Иако во моментов нема информации колкава сума ќе му биде понудена, планот на Ал-Наср е Ван Дајк да го направи најплатениот дефанзивец во светот. Наводно, тој во моментов во Ливерпул заработува околу 11 милиони фунти, а Ал-Наср ќе биде во можност да му понуди повеќе. Ван Дајк е член на Ливерпул уште од 2018 година кога за 84 милиони евра од Саутемптон направи трансфер. Неговиот договор истекува следното лето, а според Transfermakrt тој има вредност од 30 милиони евра.  

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.