Алаба никогаш повеќе нема да може да игра фудбал?

October 14, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Алаба никогаш повеќе нема да може да игра фудбал?

Постои загриженост дека Дејвид Алаба никогаш повеќе нема да може да игра фудбал, откако дефанзивецот доживеа тешка повреда минатата година. Фудбалерот на Реал Мадрид доживеа кинење на вкрстените лигаменти кон крајот на 2023 година и оттогаш е надвор од терените. Откако му се приклучи на тимот во 2021 година по повеќе од една деценија со Баерн Минхен, Австриецот веднаш стана клучна фигура на Сантијаго Бернабеу. Во центарот на одбраната, тој блескаше покрај играчи како Антонио Ридигер и Едер Милитао. Сепак, откако ги скина вкрстените лигаменти минатиот декември, клубот игра без него речиси една година. Според Мадридската радио станица „Onda Cero“, клубот можеби ќе треба да се навикне на неговото отсуство бидејќи тој можеби никогаш нема да може да игра повторно. Наводно, 'рскавицата на неговото колено значително се намали за време на неговото отсуство и тоа доведе до тоа неговите коски да се тријат една со друга. Како резултат на тоа, Алаба не можеше да тренира без да почувствува голема болка. Ова би било сериозен удар за Реал Мадрид кој веќе го изгуби Начо, а единствен стопер кој е здрав и скоро секогаш спремен е Ридигер.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.