Албанските фудбалери не смеат да даваат изјави пред дуелот со Србија

September 19, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Албанските фудбалери не смеат да даваат изјави пред дуелот со Србија

Фудбалскиот сојуз на Албанија им забранил на репрезентативците да даваат било какви изјави пред октомврискиот квалификациски дуел против Србија во Лесковац. Одлуката е донесена за да се избегне дополнително вжештување на атмосферата поради политичките тензии меѓу двете земји. Натпреварот ќе се игра на стадионот „Дубочица“ и се очекува да привлече големо внимание, не само поради спортскиот аспект, туку и поради чувствителниот контекст. Албанските медиуми потсетуваат дека играчите често знаат да дадат патриотски изјави кои може да се протолкуваат како провокација, па затоа сојузот решил да превенира можни инциденти. Интересно е што Србија и Албанија заеднички ќе бидат домаќини на Европското првенство за фудбалери до 21 година во 2027 година.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.