September 15, 2025 | | Свет
Италијанските медиуми јавуваат дека главниот судија Матео Марченаро и ВАР судијата Микаел Фабри ќе бидат суспендирани поради спорната одлука на дербито помеѓу Милан и Болоња. Иако „росонерите“ славеа со 1-0, во самиот финиш беше досуден пенал за прекршок врз Кристофер Нкунку, но по интервенција на ВАР истиот беше поништен. Одлуката предизвика бес кај домаќините, а тренерот Макс Алегри доби и црвен картон поради протести. Според анализата на судиската асоцијација, Фабри направил клучна грешка: не требало да ја оспори првичната одлука на Марченаро и притоа се фокусирал на погрешен агол – контактот меѓу Нкунку и Фројлер, наместо оној со Лукуми, кој бил појасен и очигледен прекршок. И двајцата судии ќе бидат суспендирани, а во наредниот период ќе се одреди должината на казната.
They literally said there was no contact on Nkunku…. This was reversed… pic.twitter.com/dUTlXIbwLo
— Martino Puccio (@MartinoPuccio) September 14, 2025
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |