Алегри по поразот на Милан: Среќа што е прв натпревар!

August 24, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Алегри по поразот на Милан: Среќа што е прв натпревар!

Милан ја започна новата сезона во Серија А на најлош можен начин. „Росонерите“ пред својата публика загубија од Кремонезе со 1-2, резултат кој предизвика разочарување кај навивачите и тренерот Масимо Алегри. Иако Милан влезе како голем фаворит, гостите покажаа дисциплина и ефикасност, казнувајќи ги грешките во одбраната на домашниот тим. Кремонезе поведе, а и покрај тоа што Милан израмни до паузата, вториот дел повторно донесе шок – втор гол за гостите и прв триумф во новата сезона. Алегри по натпреварот не го криеше незадоволството. „Примивме два гола кои можевме да ги избегнеме со малку поголема концентрација. За среќа, ова е само прво коло, имаме време да работиме на овие детали“, изјави стратегот. Тој додаде дека Милан мора да биде поцврст во клучните моменти. „Знаевме дека Кремонезе е силен на нафрлени топки и требаше подобро да го чуваме шеснаесетникот. Не смееме да си дозволиме да примаме по два гола на секој меч“. За „росонерите“ ова е аларм уште на самиот старт – тимот мора брзо да ја најде вистинската форма за да не заостанува уште од првите кола во трката за врвот.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.