August 12, 2025 | | Свет
Шведскиот напаѓач Александар Исак, кој во изминативе сезони се наметна како еден од најдобрите играчи на Њукасл, дефинитивно е решен да ја промени средината. И покрај шпекулациите дека клубот е подготвен да му понуди значително повисока плата и нов договор со зголемена откупна клаузула, 24-годишниот голгетер има јасна визија за својата иднина – да го облече дресот на Ливерпул. Според медиумите во Англија, Исак бил решен да ја напушти екипата од „Сент Џејмс Парк“, дури и ако тоа значи да помине цела сезона на клупата за резерви. Ливерпул веќе испрати официјална понуда од 127 милиони евра, но Њукасл одби и постави висока цена – 150 милиони евра, сума која клубот од „Енфилд“ засега не е подготвен целосно да ја плати. Исак, кој пред да дојде во Њукасл настапуваше за Реал Сосиедад и Борусија Дортмунд, смета дека трансферот во Ливерпул е следниот логичен чекор во неговата кариера, особено со оглед на тоа што „црвените“ планираат да го изградат напаѓачкиот тим околу него. Во наредните денови се очекува да стане појасно дали Швеѓанецот ќе остане дел од проектот на Њукасл или ќе ја оствари својата желба за преселба на „Енфилд“.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |