Александар Исак во штрајк – Њукасл без голгетерот на отворањето на сезоната

August 14, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Александар Исак во штрајк – Њукасл без голгетерот на отворањето на сезоната

Њукасл Јунајтед ќе ја започне новата сезона во Премиерлигата без својот најопасен напаѓач. Шведската ѕвезда Александар Исак, кој минатата година блескаше во дресот на „страчките“ и беше клучен за пласманот во Европа, одбил да игра во саботниот дуел против Астон Вила. Причината, според англиските медиуми, е штрајк на играчот во обид да издејствува трансфер. Исак се поврзува со интерес од повеќе врвни клубови, меѓу кои и актуелниот шампион Ливерпул. Но, преговорите за неговото заминување наводно заглавиле, што го натерало фудбалерот да прекине со тренинзи и настапи. Од Њукасл засега молчат – нема ниту потврда, ниту демант – но менаџерот Еди Хау се соочува со непријатен старт на сезоната и потенцијално сериозен проблем во нападот, особено бидејќи конкурентите во Премиерлигата значително се засилија во летниот преоден рок. Ако штрајкот потрае, „страчките“ би можеле да останат без своето најсилно оружје во клучниот дел од сезоната.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.