March 9, 2025 | | Свет
Фудбалерот на саудискиот Ал Хилал и српската репрезентација, Александар Митровиќ, денеска е примен во болница поради проблеми со работата на срцето.
По неколку месеци отсуство од терените поради повреда, српскиот репрезентативец најверојатно ќе мора повторно на пауза, откако локалните медиуми објавија дека Митровиќ почувствувал срцеви проблеми.
„Митровиќ е примен во болница во раните утрински часови. Станува збор за исцрпеност, а лекарите му препорачаа одмор поради забрзано чукање на срцето“, пренесува медиумот „Al-Riyadiyah“, додавајќи дека напаѓачот ќе остане во болница на дополнителни прегледи.
Саудиските клубови не сакаат ништо да препуштат на случајноста, имајќи предвид дека во последните неколку сезони многу фудбалери се соочиле со срцеви проблеми на теренот.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |