March 20, 2025 | | Свет
Медиумите на Островот не само што го анализираат дебито на Томас Тухел како селектор на Англија, туку се фокусираат и на ситуацијата со ѕвездата на Ливерпул, Трент Александер-Арнолд. Познато е дека офанзивниот десен бек се повреди за време на возвратниот натпревар против ПСЖ во осминафиналето од Лигата на шампионите, поради што пропушти и настап во финалето на Карабао купот против Њукасл. Иако е официјално потврдено дека е повреден, сè уште нема информации за тоа колку долго ќе трае неговата пауза. Според инсајдерски извори од таборот на „Редси“, можно е Александер-Арнолд да не се врати на терените до крајот на сезоната. Ова отвора прашање дали веќе го одигра својот последен натпревар за Ливерпул, со оглед на тоа што во јуни се очекува негов трансфер во Реал Мадрид. Преговорите во Ливерпул се во тек, но веќе одреден период нема никакви информации за тоа дека Арнолд би можел да остане.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |