Александер-Арнолд сака да го купи Нант, може да го чини над 100 милиони евра

September 20, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Александер-Арнолд сака да го купи Нант, може да го чини над 100 милиони евра

Трент Александер-Арнолд посакува да стане сопственик на францускиот клуб Нант, пренесува „L'Equipe“. Тој сака да го направи тоа заедно со неговиот татко Мајкл Арнолд, кој воедно ги управува и финансиите на фудбалерот. Сопственик на Нант е францускиот бизнисмен Валдемар Кита кој е газда од 2007 година, но нема оставено добар впечаток во клубот. Тој веќе имал средби со семејството Арнолд во Женева и во Лондон. Планот на претставниците на Арнолд е да се понудат 100 милиони евра, директна сума од 80 милиони и дополнителни 20 милиони како кредит, но и бонуси од 40 милиони евра со што целата зделка Трент би можела да го чини 140 милиони евра.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.