Алфонсо Дејвис го продолжи договорот со Баерн Минхен!

February 4, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Алфонсо Дејвис го продолжи договорот со Баерн Минхен!

Сагата околу иднината на Алфонсо заврши бидејќи левиот бек потпиша нов договор до 2030 година со Баерн Минхен. Канаѓанецот долго време размислуваше дали да остане во Минхен или да прифати нов предизвик, бидејќи неговиот договор беше во завршна фаза. Сепак, дилемите се разрешени, и Дејвис стави потпис на нов договор кој ќе трае до јуни 2030 година. Левиот бек беше една од главните трансфер мети на Реал Мадрид, кој го посакуваше во своите редови ова лето. Покрај „кралевите“, интерес пројави и Манчестер Јунајтед, кој ја следеше ситуацијата од сенка, надевајќи се на шанса да го доведе. И покрај тоа, Дејвис останува во Баерн, клуб во кој пристигна во 2019 година од Ванкувер, за трансфер вреден 14 милиони евра.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.