July 26, 2024 | | Свет
Иако Езџан Алиоски во моментов не настапува за Ал-Ахли, тој сеуште е актуелен член на тимот од Саудиска Арабија. Според новинарот Јусеф Ал-Рочи, Алиоски си ги бара сите пари што му преостануваат од договорот за да си замине од Ал-Ахли. Тој ги одбил сите опции од Ал-Ахли, а минатата сезона не беше регистриран поради квотата на странци во тамошниот шампионат. Воедно, имало интерес за Алиоски од друг клуб од Саудиска Арабија иако засега не е наведено за кој клуб станува збор. Инаку, според Capology, Алиоски заработува два милиони евра годишно и договорот му истекува наредното лето.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |