Алиоски ја освои азиската Лига на шампиони со Ал Ахли!

May 3, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Алиоски ја освои азиската Лига на шампиони со Ал Ахли!

Ал Ахли го освои трофејот во азиската Лига на шампиони откако во финалето славеше со 2-0 против Кавасаки, обезбедувајќи си престиж во најсилното клупско натпреварување на азискиот континент. Македонскиот репрезентативец Езгјан Алиоски беше дел од стартниот состав и го одигра целиот натпревар. Иако во домашното првенство има ограничувања за настап на странски фудбалери, Алиоски и натаму има важна улога во интернационалните мечеви, каде што игра стандардно. Ал Ахли ја заврши работата уште во првото полувреме. Роберто Фирмино беше креатор на двата гола – најпрво му асистираше на Галено, а потоа и на Кеси, кој го постави конечниот резултат уште пред паузата.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.