May 5, 2025 | | Свет
Македонскиот репрезентативец Езгјан Алиоски доживеа историски момент во својата кариера, освојувајќи ја азиската Лига на шампиони со својот клуб Ал Ахли. Иако не настапуваше во домашното првенство поради квотата за странски играчи, Алиоски доби целосна доверба во интернационалното натпреварување и одигра цел меч во финалето против јапонскиот Кавасаки, кое неговиот тим го доби со 2-0. По триумфот, Алиоски во емотивно интервју за албанскиот портал „Телеграфи“ изјави дека ова е најголемото достигнување во неговата кариера. „Овој трофеј ме прави исклучително горд, особено затоа што доаѓа по еден тежок период за мене. Сето тоа се исплати. Ова е фантастично, магично, спектакуларно“, изјави возбудениот Алиоски. Со овој успех, Алиоски не само што внесе радост кај македонските фудбалски фанови, туку и остави силен печат на азиската сцена, потврдувајќи ја својата вредност и надвор од европските терени.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |