July 29, 2025 | | Свет
Голманот на Ливерпул, Алисон Бекер, привремено ги напушти подготовките на тимот во Јапонија поради приватни обврски и нема да игра против Јокохама Маринос во среда. Во негово отсуство, меѓу стативите ќе застане новото засилување Ѓорги Мамардашвили, кој летово пристигна на „Енфилд“. Алисон е трет играч што го напушти кампот, по Џо Гомес (повреда) и Луис Дијас, кој замина за Минхен за да го комплетира трансферот во Баерн. „Црвените“ се преселија во Токио по поразот од Милан (4-2) во Хонг Конг.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |